Авторот на бестселерот „Како да не се умре“ е препознатливо лице во Америка и пошироко, а неговата стручност е во полето на исхраната, безбедноста на храната и јавното здравје. Тој открива кои шест намирници треба да ги јадеме секојдневно за да се заштитиме од тешките болести кои во денешно време станаа вистинска епидемија која води до прерана смрт, како што се ракот, срцевите болести и дијабетисот.
Според него, најголема тајна на медицината е да знаете што да внесете во организмот, такашто тој ќе се излекува смаиот, а вие ќе бидете сити и здрави!
Мешунки
Леќа, леблебии, грашок, соја и сите видови на грав се задолжителни. Можеби супата од грашок и макањето на моркови во хумус не ви изгледаат корисни, но и така внесувате мешунки. Трудете се да изедете барем три порции мешунки дневно. Една порција е на пример, четвртина шолја хумус, пола шолја варен грав, леќа, тофу или полна шолја свеж грашок или изртена леќа. Иако и кикириките се технички мешунки, доктор Грегер ги ставил во категоријата јаткасти плодови (заради нутритивната вредност).
Бобинки
Една порција бобинки е околу пола шолја свежи или замрзнати, или четвртина сушени. Иако, биолошки гледано, бананата, авокадото, дури и лубеницата се бобинки, ќе го користиме овој термин за мало јадливо овошје, и ќе додадеме и грозје (и суво грозје) во оваа категорија. Тоа секако значи дека ќе додадеме и овошје за кое многумина сметаат дека спаѓа во бобинки, иако технички не спаѓаат, на пример, боровинки, цреши, брусници, јагоди, дудинки.
Зелјест зеленчук
Во овој вид на зеленчук спаѓаат брокули, зелка, блитва и кељ. Грегер препорачува барем една порција на ден (пола шолја) и барем уште две порции зеленило дневно, лиснато или зелјасто.
Јаткасти плодови
Секој би требало да јаде барем 1 лажичка мелени ленени семки дневно, а освен тоа и порција други јаткасти плодови или семки. Четвртина шолја ореви е доволна за една порција, а ако сакате путер, на пример, путер од кикирики, немојте во еден оброк да земате повеќе од две супени лажици. Костенот и кокосот нутритивно не спаѓаат во ореви.
Зачини
Доктор Грегер препорачува и четвртина лажица куркума, а можете да додадете и други зачини (без сол) кои ги сакате.
Житарки од цело зрно
За долг живот јадете и порции житарки од цело зрно. На пример, пола шолја топла овесна каша, варен ориз, киноа и хељда, варени тестенини или пченка, шолја ладни (готови) житарки; една тортилја или кришка интегрален леб, половина пециво или мафини, три шолји пуканки…