Како да не фрлате храна?

Доаѓаат празници, а тие се совршена можност да направите генијални јадења од остатоците на храна.

0
436

Освен за мода, конечно почна најмногу сметка да се води и за нефрлањето на храна.
Секако, ова не е некоја новост. Новоста е во тоа што на овој начин храната сега се експонира како судбинска глобална тема. Принципите на одржлив развој тукушто усогласени во Париз можат да се спроведат само со промена на прехрамбените навики. Ненормалните количини на јадлива храна која завршува во отпад повеќе не можат да се толерираат.

Добра храна се фрла уште таму кадешто се одгледува. Ако морковот не е прав туку крив, нема да се најде на полиците од супермаркетите во развиените земји. Од тие исти полици секојдневно во ѓубре завршува добра јадлива храна на која формално ѝ истекол рокот на траење.

На чиниите кои келнерите ги враќаат во кујната останува во просек една четвртина недојаден оброк. Во кантата за отпадоци во домаќинствата ги наоѓаме истите статистички пропорции. Ајде сите заедно да му се спротивставиме на овој тренд на фрлање на храна и да направиме генијални јадења од остатоците.

Зачувајте сѐ

Поедноставно е да се готви ако една намирница ја замислите во две јадења и купите на пример неколку намирници кои можат да ве извлечат од секоја ситуација. На пример, купете уште еден пар колбаси иако можеби не ви требаат веднаш, како и на пример, малку житарки. Секогаш можете да направите некоја салата, уште ако имате малку квиноја, кус кус или колбаси , јадењето е веднаш драстично поинакво.

Chopped stems of colorful rainbow swiss chard on wooden cutting board

Зачувајте ги деловите кои обично се фрлаат

Како пример земете ги кељот, блитвата или спанаќот. По правило го фрламе стебленцето, а наместо тоа би требало да ги исечкаме да ги продинстаме на малку маслиново масло и да ги користиме како додаток во салати, на брускети, крем супи.

Сосови

Да се подготви добро месо е прилично комплицирано, а да биде вкусно и следниот ден е вистински предизвик. Заборавете на сендвичите со суво пилешко и додадете им на остатоците од месото некаков сос. Речиси секоја ситуација може да ја извлече домашното песто.

Turkey, arugula and pesto sandwich