Како да направите суши?

Немате специјални чаши за саке? Послужете го во чаши за вино. Сакето се служи ладно како виното.

0
1003

Кој вели дека јадењето суши треба да се сведе на ресторанско искуство или пак на обична нарачка? Неколку парчиња морска трева нори, малку ориз, тофу и зеленчук – и ги имате потребните состојки за вечера на која гостите ќе можат самите да си ја направат својата идеална комбинација која ќе ја свиткаат во суши.

Кога ќе ја збогатите палетата на состојки со јапонска соја едемаме, полубел ориз и домашно конзервиран ѓумбир, вашата мешавина за суши ќе биде гозба која гостите нема брзо да ја заборават.

Што ви е потребно?

– 24 или повеќе листови нори
– 8 подлоги за служење на суши
– остар нож
– топла и влажна крпа за садови
– зеленчук (брокули, рендани моркови, краставици, бабури, сечкано авокадо, сечкан аспарагус и тн.)
– васаби сос
– соја сос 

Како да направите суши ролат?

Поставете ја основата. Поставете ја подлогата за суши така што дрвените стапчиња ќе ги поставите хоризонтално. Ставете ги листовите нори со сјајната страна надолу и намачкајте тенок слој од оризот над норито при тоа оставајќи празна рамка од неколку сантиметри од крајот на листовите.

Наредете ги сосовите и состојките. Поставете го вашиот избор од околу четири сосови и полнежи за суши во хоризонтална линија над листовите нори.

Свиткајте го и пресечете го сушито. Почнувајќи со горниот дел од подлогата, цврсто свиткајте ги листовите нори кон вас. Штом ќе завршите, нежно притиснете го ролатот со подлогата. Потоа сечете го ролатот на неколку еднакви делови со остар нож.

Како да послужите саке со јадењето?

Без разлика дали служите саке во домашни услови, или едноставно сакате да направите добар избор наредниот пат кога одите во јапонски ресторан, Џон Гаунтер, основачот на сајтот sake-world.com, ви нуди неколку совети за да го одберете вистинскиот пијалок.

Ако го сакате најдоброто, одберете „гинџо“. „Гинџо“ значи „премиум“. Побарајте назнака „Ginjo“ на шишето за да се осигурате дека добивате висококвалитетно саке кое има полесен и поделикатен вкус.

За побогат вкус одберете „џунмаи“. Сакето со ознака junmai“ е направено само од ориз. Вкусот на ова саке е богат и земјен.

За поевтина опција, одберете саке кое не е произведено во Јапонија. Американските производители му додаваат дестилиран алкохол на сакето, па нивните производи можеби не се исто толку ароматични како јапонското саке, но ако сакате да потрошите помалку, американското саке е доволно добро.

 Иако најдобро е да се служи во порцелански чашки, поради циркулирње на аромите, сепак добра алтернатива се и винските чаши.