Киселите шери домати се одлични со салати со тестенини, како дел од чинија со кашкавал или дел од гаспачо. Секако вреди да се проба.
За една тегличка ќе ви требаат:
Шери домати колку што ќе собере теглата
1 лукче
Црн пипер во зрна
1 шолјичка јаболков оцет
1 шолјичка вода
Сол и шеќер
Приготвување:
- Измијте ги и исушете ги, а потоа направете им дупче со стапче за ражен
- Ставете ги во теглата зачините и доматите
- Помешајте оцет, вода, сол и шеќер и загрејте ги до вриење, прелијте врз доматите и затворете.
- Оставете да се олади и складирајте во фрижидер.