Kако да ги искористите остатоците и отпадоците од храна?

Жал ви е што ги фрлате сите оние отпадоци од овошје и зеленчук што остануваат кога правите ручек? Еве повеќе одлични начини на кои можете да ги искористите

0
266

Остатоци од лимон за чистење. Дали го исцедивте лимонот? Наместо да ја фрлите кората, користете ја за да го исчистите вашето домаќинство наместо грубите хемикалии што обично ги користиме. Извадете ја исцедената кора од лимон и премачкајте ја валканата работна површина во кујната. Ако нечистотијата е навистина голема, прво посипете со сода бикарбона, а потоа тријте со лимонот и пребришете.

Замрзнете ја лушпата од цитрус за подоцна. Колку пати се случило да ви треба парче кора од лимон за вашите колачиња, а дома да немате лимон? За да не ви се случи тоа повторно, ставете го остатокот од цитрус во пластична кеса и замрзнете.

Агруми за ароматизација. Ако ви се случи да немате замрзнувач, постои уште еден одличен начин да ги користите преостанатите лушпи од цитрус. Излупете ја кората, без белиот дел, а потоа ставете ја во тегла да се суши околу два дена. Кога ќе се исушат, смелете ги целосно во мелница за кафе и чувајте ги во херметички затворена тегла.

Можете исто така да ги зачините со шеќер, маслиново масло или алкохол. Можете едноставно да ги ставите во тегла и да ги залеете со намирница по желба, па оставете да отстои на ладно и суво место подолго време.


Остатоци од бујон. Остатоците ид бујон, без оглед дали е говедски, пилешки или од зеленчук, замрзнете го во садови за мраз и користете ги како зачин во ориз, тестенини, супи. Можете исто така да направите и супа од остатоците од зеленчук, како лушпи од морков, компир, црвен кромид и зачински билки. Измијте сè добро, ставете во тенџере, додадете вода и оставете да се вари додека не останат сите вкусови во водата..

Кора од банани за здрава кожа. Кората од банани е многу богата соантиоксиданси како лутеин и може да послужи за хидратација на целото тело. За пилинг од банана едноставно ставете малку шеќер на внатрешната страна од кората од банана и тријте го телото а потоа исплакнете со вода.

Отпадоци за нега на лицето. Како природен тоник за нега на лицето користете кора од грејпфрут или кора од портокал. Користете ги такашто едноставно со нив ќе го триете лицето. Природната киселост и текстурата на кората, ги отстранува мртвите клетки од кожата, а витаминот Ц се бори против првите знаци на старост и оштетувања. Внатрешната страна од кората од авокадо можете да ја користите како навлажнувач затоа што има многу здрави масла. Со кората од компири ќе се ослободите од отечените очи, едноставно ставете ја кората од компири на очите, оставете да отстои 15 минути и отокот ќе спласне.

Фото: Pixabey