Kако да ja зачувате свежината на овошјето и зеленчукот?

Еве неколку корисни совети за тоа како да го продолжите „рокот на траење“ на зеленчукот и овошјето и полесно да го испланирате менито, истовремено намалувајќи го фрлањето храна 

0
124

Практично е да се купува зеленчук и овошје на пазарот за цела недела, но честопати се случува зеленчукот да не остане свеж повеќе од неколку дена.

Еве неколку совети за тоа како треба да се чуваат правилно одредени производи за да траат подолго.

Чувајте ги доматите на собна температура.

За да се зачува вкусот на доматите, препорачливо е да ги чувате на собна температура. За време на летната жештина, можете да ги чувате во фрижидер, но чувајте место за нив на последната полица, а по можност, нека не доаѓаат во допир со друг зеленчук. Внимавајте другите зеленчуци да не ги кршат, што ќе го забрза времето на нивно расипување.
Ако сакате доматите да созреат побрзо, ставете ги заедно со јаболката (и обратно, ако се целосно зрели, чувајте ги подалеку од јаболката).

Чувајте ги морковите во тегла или во пластични кутии и кеси.

За да ги задржите морковите подолго време свежи, чувајте ги во фрижидер во затворени тегли, пластични кеси или кутии, кои ќе ја задржат влагата и ќе ги спречат да се исушат. Пред да ги складирате, отсечете им го зелениот дел на врвот – ова ќе го продолжи нивниот „рок на траење“.

Завиткајте ја зелената салата во кујнска хартија.

Измијте ја, исцедете ја и завиткајте ја зелената салата во кујнска хартија, а потоа чувајте ја во затворена пластична кутија. На овој начин ќе ја зачувате нејзината свежина неколку дена подолго.

Важи истото правило како и за доматите. Чувајте ја подалеку од јаболката.

Чувајте ги модрите патлиџани што е можно подалеку од вода.

Чувајте ги модрите патлиџани во затворена пластична кутија и чувајте ги подалеку од вода, за да ги задржите свежи подолго време.

Една лоша цреша ќе ги расипе сите други.

Пред да ги ставите црешите во фрижидер или на собна температура, отстранете ги оние што веќе се расипале, за да не ги расипе и останатите. Истото правило важи и за јагодите, вишните и другите бобинки.

кога одите да купувате бобинки, земете со себе тегли или пластични кутии обложени со кујнска хартија и побарајте од продавачот да ви ги спакува во нив откако ќе ги измери.
Честопати се случува убавите јагоди или боровинки, спакувани во пластична кеса, да станат „каша“ додека да стасате дома.

Чувајте ги краставиците во пластична кеса или во кутија со кујнска хартија.

Краставиците ќе останат свежи подолго време ако ги чувате во пластична кеса или кутија обложена со кујнска хартија (а не отворени).

Чувајте ги лимоните и феферонките во затворена кеса или во стаклен сад.

За подолго време да се зачува свежината, лимоните и чили пиперките (феферонките) треба да се чуваат во пластична кеса или во стаклен сад, во спротивно тие многу брзо ќе ја загубат својата свежина.

Веднаш користете го зелениот лиснат зеленчук или чувајте го внимателно.

Доколку е можно, користете го зелениот лиснат зеленчук во истиот ден или најмногу за неколку дена. Ако не го користите истиот ден кога ќе го купите, чувајте го во затворена пластична кутија обложена со кујнска хартија.
Пред да го складирате, одделете ги лисјата и извадете ги лошите (доколку ги има), за да не ги расипете другите. Залепените листови од спанаќ или блитва, на отворено, ќе се исушат многу брзо и ќе ја изгубат свежината.

Искористете го секое гранче од зачинските билки.

Често се случува зачинските билки да завршат во ѓубре по неколку дена (што е тажно!). Чувајте ги билките во пластична кутија обложена со кујнска хартија и затворете ја кутијата (може да се користи и тегла). Ако не успеете да го искористите во рок од една недела, ставете го во мала тегла со маслиново масло, која ќе ја чувате во фрижидер. Маслото во кое се натопени билките ќе добие посебна арома, а идеално е да се користи како прелив за салати. Можете да го користите ова маслиново масло со потопени билки во рок од еден месец.

Совет повеќе: Ако е можно, намалете ја употребата на пластични кутии во кујната и заменете ги со тегли и стаклени садови со капаци. Ако од практични причини сепак се одлучите за пластични кутии, обидете се да набавите квалитетни. Пред да ги ставите свежиот зеленчук или овошјето во пластични кутии, обложете ги со кујнска хартија (што ќе спречи контакт на зеленчукот и овошјето со пластичната површина).

Секако, добар избор се и восочните обвивки кои се релативно нов тренд.

Фото: Pexels