Kако да го згуснете сосот без трошка брашно

Ако во оставата, имате трици, конзерва грав или наут, не мора да се грижите дека сосот ќе биде безличен и невкусен ...

0
644

Ако сакате брзо да го згуснете сосот, секогаш можете да измешате една лажица густин во две лажици вода или бело вино и полека да додавате во сосот додека мешате со жица за матење. Но, ако избегнувате скробно брашно, ќе послужат и зеленчукот, семиња и други додатоци.

Пире од зеленчук

Се исплати да имате во замрзнувачот измешан зеленчук од супа, како што се варени целер, моркови и магдонос, бидејќи исто така може да го згусне и да го спаси сосот или премногу ретката супа.

Конзерва како спас

Густината на сосот може да се обезбеди и од сечкан компир, изблендиран варен грав или наут од конзерва, кој треба да си го чувате во оставата, за да ви биде на дофат за вакви случаи.

Замрзнете

Можете да замрзнете мешан зеленчук или грав во пластични чаши или калапи за мраз за да можете лесно да ја одредите количината што ви е потребна без да чекате да се стопи.

Трици и снегулки

Густи супи, чорби и сосови можете да добиете и со додавање на бешамел сос, трошки од леб или овесни снегулки. Со нив, освен што ќе го згуснете сосот, ќе го збогатите со здрави влакна.

Ориз наместо тестенини

И прилогот придонесува за густината на сосот, па наместо тестенини можете да изберете ориз, јачмен и просо, кои за време на готвењето ослободуваат слуз и во комбинација со сосот придонесуваат за поцврста конзистенција.

Чиа семе

Оставете го семето во малку вода десет минути за да набабри пред да ги додадете во јадењето. Ако сакате да го забрзате процесот, користете топла или врела вода.

Фото: Unsplash