Јогурт колач со јагоди

0
782

Состојки:

2 јајца

200 г шеќер

Рендана кора од ½ лимон

200 мл јогурт

100 г растопен путер

200 г + 2 лажици брашно

1 прашок за пециво

50 г кокос

500 г свежи јагоди

За поросување:  ливчиња од бадеми, фстаци и кокос

 

Приготвување:

1. Изматете ги јајцата со шеќерот и кората од лимон.

2. Додадете ги путерот и јогуртот, а потоа додадете ги и сувите состојки – кокос, брашно и прашок за пециво.

3. Смесата измешајте ја уште еднаш додека сите состојки не се соединат.

4. Јагодите исечете ги на поголеми парченца а потоа помешајте ги со 2 лажици брашно.

5. Во тркалезен калап за печење (26-28 cm)  ставете хартија за печење па ставете внатре половина од смесата, врз неа наредете пола од јаготките и прелијте ги со остатокот од смесата и на крајот наредете ги преостанатите јагоди и поросете го колачот со мешпавина од фстаци, бадемови ливчиња и кокос.

6. Печете 25-30 минути на температура од 180° C.