Италијанскиот „просеко” на листата на Унеско

Брдата Конељано и Валдобијадене во Италија, познати по производство на пенливото вино просеко, се ставени на листата за светско наследство на Унеско.

0
300

Одлуката Италија и нејзиниот регион Просеко на североисток од покраината Венето да се стават на листата на УНЕСКО е донесена на состанок на Одборот за светско наследство на Унеско одржан во Баку.

Италијанскиот министер за земјоделие Џан Марко Чентинајо ја поздравил таа вест, истакнувајќи дека е ова „историски ден за Венето и за Италија во целост“.

И минатата година Италија го номинирала просеко за статусот на светско наследство, но е одбиена со неколку гласови.

Просеко е најпопуларното италијанско вино во странство, а неговиот извоз од почетокот на годината пораснал за 21 отсто.

Фото: Pixabey