Исчистете ги цревата за 24 часа

Еве неколку начини на кои можете да ги исфрлите несварената храна и отровите од организмот во рекорден рок

0
912

Ако чувствувате дека сте претерале со храната, време е да го исчистите организмот од несварената храна и штетните материи. Постапката можете да ја почнете навечер пред да си легнете:

Лен

Потопете 1 чажичка ленено семе во 1 дцл млака вода и оставете го 1 час да набабри, а потоа, пред спиење, изедете ја смесата а водата испијте ја. Важно е секоја семка да ја „сомелете“ со забите.

Ленот е намирница која е во состојба целосно да ги ислисти вашите црева, а ја користат оние кои имаат голем проблем со опстипација. Ленот го снабдува организмот со омега-3 масни кислеини и со протеини. Омега-3 масните киселини се присутни во јадрото на ленот поради што обвивката мора да биде пробиена за да можете да ги искористите, па се препорачува добро да ги изџвакате.

Јаболков оцет

Штом се разбудите напијте се 1 чаша вода во која сте додале 2 лажици јаболков оцет. Потоа изедете една лажичка мед па напијте се уште една чаша вода.

Така храната полесно се вари, без појава на рефлукс, надуеност и гасови, а воедно го лекува запекот. Истражувањата докажуваат дека јаболковиот оцет го урамнотежува апетитот, го засилува чувството на ситост и ја намалува желбата за дополнителна храна. Дава енергија и го чисти организмот.

Лимон

Во бокал вода (околу 1,5 л.) додадете сок од 1 лимон па пијте ја таа вода во текот на целиот ден. Речиси не постои нешто што лимонот не може да го поправи, да го подобри, да го излечи. Содржи лимонска киселина, калциум, магнезиум, витамин Ц, биофлавоноиди, пектин, лимонин кои го поттикнуваат имунитетот и се борат против инфекциите.

Зелен чај

Наместо кафе, сварете си зелен чај и пијте го два пати во текот на денот.

Тој делува како антиоксиданс и ги ублажува воспалителните процеси, го спречува собирањето масти во црниот дроб, па ако сакате да го исчистите организмот од токсини почнете го денот со зелен чај.

Намалете ја храната и водете сметка што јадете. На пример, за појадок земете кришка леб со мармалад од сливи и напијте се шолја зелен чај. За ручек јадете некое вариво, а вечерата прескокнете ја. И немојте да јадете ништо од индустриски преработената храна или пак слатки.