Имате нула кулинарско искуство? Еве колач за вас

Дали постои подобар начин да се почестите од оној да го направите тоа со убав десерт направен со вкусно овошје, здрав и толку лесен што едноставно не може да излезе лошо

0
325

Летото ќе помине, а ние заборавивме на наједноставниот десерт познат како Brown Betty, крамбл, криспи,…итн.

Станува збор за десерт кој може да го направи буквално секој, па дури и мало дете.

И на крајот имате одличен десерт, летен, свеж, освежителен и лесен.

Сé што ви треба е путер, презли (или овесни снегулки), шеќер, овошје по избор и нула кулинарско знаење.

Состојки:

Овошје по избор (може и замрзнато)

2 шолји презли

75 г путер

6 лажици кафеав шеќер

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 200 степени.

Во поголем сад измешајте го стопениот путер, презлито и шеќерот.

На дното одогноотпорен сад ставете го овошјето, ако е зрнесто само распоредете го рамномерно по површината, а ако се јаболка, праски, круши или нешто слично, исечкајте ги на парчиња. На дното тепсијата оди пола од овошјето, па одозгора се става пола од презлите, па повторно овошјето и втората половинаод презито.

Се пече под фолиј 20 минути, а потоа без фолија, додека не порумени горниот слој.

Послужете со топка сладолед или без.

Фото: Pixabey