Оние кои се соочуваат со кркорење на цревата и доцна навечер, па и после полноќ, не мора да се воздржуваат. Еве листа на намирници кои и доколку ги јадете доцна во текот на ноќта, нема лошо да влијаат врз вашето здравје и врз фигурата.
Пилешки гради
Или бело месо од мисирка, сеедно. Овој производ содржи многу протеини и речиси воопшто нема маснотии. Може да биде варено или печено, но главно е да не биде подготвено на масло.
Тиква
Сега е сезона на тикви кои не само што се корисни, туку немаат калории. Кре, супата од тиква со зачини може да се јаде дури и ладна ако сте премногу мрзливи за да ја греете ноќе.
Кефир
Кисело млеко може да се јаде без страв од добивање дополнителни килограми. Кефирот добро ја задоволува гладта и го подобрува варењето.
Риба
Рибата е богата со протеини и потребни се помалку од три часа за да се свари.
Јајца
Ќе се изненадите, но јајцата можете да ги јадете не само за појадок. Протеините во нивниот состав брзо ја гасат гладта без притоа да го оптоварат стомакот.
Банана
Да, бананите се богати со калории, но ако сакате брзо да ја задоволите гладта, тогаш е ова одлично решение.
Фото: Aaron Thomas/Unsplash