Хумус или гвакамоле?

А зошто не и двата соса соединети во една нова варијанта – сос од авокадо и наут

0
427

Ако секогаш сте во дилема околу тоа кој сос да го одберете и да го послужите, сега повеќе нема простор за недоумица – зошто не и двата?

Всушност, тие многу добро одат заедно.

Со помош на хумус од авокадо – исто така познато како гвакамумус или хумамоле – навистина сте го добиле најдобро од двата света. Освен што е најкремав сос, станува збор и за сериозно здрав оброк – гвакамолето содржи многу здрави масти од авокадото, а хумусот е богат со протеини од наутот. Зошто воопшто и сме ги јаделе одвоено досега?

Лиза Риналди, блогерка за храна која стои зад профилот Riri’s Recipes, го споделува овој рецепт за хумус од авокадо. За да го направите ви требаат само 10 минути, богат е со ароматични состојки како лук и куркума и останува свежо во фрижидер до пет дена.

Состојки:

1 конзерва наут, измиен и исцеден

3 чешниња лук

1 лажичка сол

1 лажичка црн пипер

1 лажичка куркума

1 средно авокадо

3 лажици маслиново масло

2 лажици таан

Вода за разредување (околу 3 лажици, зависно од вашата желба)

Приготвување:

Измијте го и исцедете го наутот, ставете го во блендер. Додадете ги останатите состојки и зачини (освен водата) и мешајте додека не се соединат.

По желба додадете вода, една лажичка или колку што е потребно, па измешајте и проверете ја текстурата.

Внимавајте да не е премногу течно, да се држи на лажицата и да не капе.

Ставете го во стаклен сад и можете да го чувате во фрижидер.

Текстот е од ТУКА.