Хељда со печурки и сланина

0
479

Состојки:

200 г хељда

250 г печурки

70 г сланина

1 кромид

1 праз

2 чешниња лук

50 г путер

Малку мајчина душица

Малку црвен пипер

Зејтин

Магдонос

Сол, бибер

Приготвување:

  1. Кромидот и празот исечкајте ги ситно и пропржете ги на зејтин.
  2. Исечкајте ја сланината и додадете ја кај празот и кромидот и пржете додека не стане крцкава, а потоа додадете ги згмечениот лук и исчистените печурки.
  3. Динстајте додека не омекнат.
  4. За тоа време сварете ја хељдата, додадете ја кај печурките и уште кратко варете се заедно. Зачинете и додадете коцка путер.
  5. Поросете со исечкан магдонос и послужете.