Грозје и сирење?

Еве конечно добар совет кој ја оправдува омилената комбинација. Според американската нутриционистка Франсис Ларгеман–Рот, комбинацијата на овошје со маснотии или со протеини ќе го забави растот на шеќерот во крвта.

0
260

Последниве години во тренд се нутриционистичките совети па макар и од самонаречени нутриционисти кои се образувале читајќи на интернет.

Можеби затоа и се пласираат толку многу спротивставени тези за тоа зошто некоја комбинација на намирници е добра или лоша за здавјето. Па се прават разни диети во кои задолжително има авокадо и лосос како да ние тука само на тоа сме пораснале.
Или пак се забранува комбинацијата на овошје и сирење на пример, иако веројатно повеќето од нас од секогаш сакале да мешаат грозје, лубеница или диња, токму со сирење.

Во реката од совети затоа е најдобар оној совет според кој треба да се храниме локално и сезонски и, се разбира, да се придржуваме до оние комбинации кои нам, односно, на нашиот организам му годат.

А тоа значи, доколку некоја комбинација ви годи и потоа немате проблеми, таа не може да е штетна за вас. Впрочем, секој организам е различен и секој си има свои омилени комбинации и реакции на истите.

Е сега, еве го оној дел кој нам особено ни се допаѓа.

Овошјето е основна прехранбена намирница која содржи важни витамини, протеини и прехранбени влакна кои се потребни за правлна работа на организмот. Но тоа содржи и висок процент на фруктоза кои може да им наштети на поединци доколку го консумираат на погрешен начин. Фруктозата е вид на едноставен шеќер кој му дава слаткост на овошјето, но и на медот, како и на заменските сладила каков што е сирупот од агава.

Баш како и секој друг шеќер, и фруктозата може значително да го зголеми нивото на шеќер во крвта, зависно од видот на слатките плодови што ги јадеме.

Бананите, смоквите и грозјето се плодови со висок процент на фруктоза, кој ќе предизвика нагло скокање на шеќерот во крвта, што може да резултира со лесна грозница, вртоглавица и уште поголема желба за благо кај оној кој ги консумирал.

Помалку фруктоза и пониски скокови на шеќерот во крвта ќе обезбеди помалку слатко овошје како што се боровинките, дињите и малините.

Но за да се забави апсорпцијата на фруктоза не треба да се откажуваме од овошје со висок процент на шеќер, туку треба да го комбинираме на соодветен начин.

Комбинацијата на овошје со маснотии или протеин ќе го забави растот на шеќер во крвта, истакнува американската нутрицинистка и авторка на неколку книги за нутриционизам Франсис Ларгеман-Рот, која додава:

„Токму затоа јаболките со путер од кикирики, шумско овошје со јогурт и грозје со сирење се класични и здрави залачиња“.

Фото: Pixabey