Грицкајте кикирики за да имате здрави гради

Истражувањата покажале дека жените кои консумираат кикирики, лешници или пак две порции путер од кикирики неделно, можат да го намалат ризикот од појава на карцином на дојките за 39 отсто.

0
837

Девојките и младите жени кои редовно консумираат кикирики и лешници, особено путер од овие јаткасти производи, можат да го намалат ризикот од појава на карцином на дојките за дури 39 отсто.

Истражувањето кое го спровеле Медицинскиот Универзитет на Харвард и болницата Бригам, во кое биле опфатени 9.000 млади жени и девојчиња, докажало дека храната која е богата со растителни протеини и масти има голем удел во зачувувањето на здрави дојки.

Истражувачите ги следеле навиките во исхраната кај испитаниците од девет до 15 години, а покрај тоа заедно со испитаничките оделе на редовни прегледи за градите каде што биле констатирани евентуалните промени, бенингни или малигни.

Резултатите покажале дека жените кои јаделе доволно кикирики и лешници или доволна количина на путер од кикирики барем еднаш во неделата, имаат 40 отсто помали шанси да заболат по својата 30-та година.

За целосна заштита од овие видови на болести, Др. Грејем Колдич, којшто е член на научноистражувачкиот тим, препорачува два пати во неделата да се консумира по 30 грама путер од кикирики, во комбинација со било која храна која секојдневно ја јадете.

„Жените кои се алергични на кикирики, може да јадат лешници. Освен овие намирници, корисен ефект врз здравјето на градите покажале гравот и леќата“, нагласува Др. Колдич.

Истражувањето исто така покажало дека консумирањето на алкохол во периодот на адолесценцијата го зголемува ризикот од рак на дојка за 11 отсто.