Говедски желатин: едноставен лек за зглобовите, стомакот, кожата…

Колагенот и желатинот станаа познати по тоа што ги олеснуваат симптомите на остеоартритис и ревматоиден артритис, но имаат и други позитивни ефекти врз здравјето, но и врз убавината

0
2875

Можеби сега не е толку честа состојка, но говедскиот желатин беше една од главните состојки во јадењата што ги правеа нашите баби. Иако сега може да се купи како безбоен прав кој го има во продавниците за здрава храна, сѐ уште најдобриот начин е да се свари супа од говедски коски која потоа ќе ја користите за сите јадења кои ќе ги готвите во текот на неделата.

Ако мислите дека е тоа премногу труд, купете си желатин во прав и прочитајте за што сѐ можете да го употребувате.

Го подобрува здравјето на стомакот и варењето

Говедскиот желатин е корисен за спречување на оштетувањата на цревата и јакнење на ѕидовите на дигестивниот тракт и на тој начин го спречува синдромот на „пропустливи црева“. Посилни ѕидови на дигестивниот тракт значат и спречување на честиците од храната и бактериите да продрат во крвотокот и така да предизвикаат воспаление. Исто така, желатинот собира вода и течности, па со самото тоа спречува надуеност и запек.

Ги штити зглобовите

Колагенот и желатинот станаа познати по тоа што ги олеснуваат симптомите на остеоартритис и ревматоиден артритис. Првиот најчесто се јавува кај старите луѓе и се смета како главна причина за честите болки во зглобовите. Како што луѓето стареат, болките, крутоста и ограничената подвижност на зглобовите се главен проблем поради колагенот кој пропаѓа. Затоа, желатинот и колагенот помагаат во намалувањето на болките и го спречуваат ширењето на болеста.

Подобар сон

Одредени истражувања покажале дека желатинот им помага на луѓето кои имаат проблем со спиењето, особено како последица од стрес, доколку земаат три грама желатин пред спиење.

Поубава кожа

Со самото тоа што има голема количина колаген, желатинот може да го подобри изгледот на вашата кожа. Исто така, одличен е во процесот на обновување на клеткте на кожата и ја штити од штетните УВ зраци и слободните радикали. Една од причините поради кои добиваме брчки е тоа што ни се празнат клетките на колаген, а тоа за повеќето луѓе почнува во дваесетите и триесетите години и континуирано процесот се забрзува. Како што губиме колаген, сѐ побрзо дбиваме и целулит и стрии. Затоа колагенот и желатинот можат да ни помогнат во обновување на кожата.

Побрз раст на косата и ноктите

Со помош на желатинот, косата ќе ви расте побрзо и ќе биде погуста, а исто така можете да ги зајакнете и ноктите.

Посилен систем за имунитет

Околу 80 отсто од клетките на системот за имунитет се сместени во стомакот, што значи дека вашиот имунитетен систем директно го отсликува вашето дигестивно здравје. Такашто, како што рековме погоре, со тоа што желатинот го зајакнува ѕидот на дигестивниот тракт, го јакнеме и имунитетниот систем.

Ги зајакнува забите

Колагенот најчесто го поврзуваме со здравата кожа и со ублажување на процесот на стареење, но исто така може да помогне и за јакнење на забите, за спречување на болестите на непцата, и губењето на забите.

Ја намалува гладта

Како протеин, желатинот бавно се вари, а тоа знаи дека долго имате чувство на ситост. Ова помага во балансирање на нивото на шеќери во крвта поради што нема да имате потреба за шеќери и за прости јагленохидрати.

Како се употребува?

Најдобро е да купите пакување од 150 грама затоа што е тоа доволно за период од 1 месец колку што трае терапијата.

Секоја вечер земете две лажички од овој производ и ставете ги во 10 мл ладна вода. Оставете да набабри преку ноќ и да се претвори во желе. Наутро, на празен стомак испијте го, а доколку сакате, слободно можете да додадете мед, јогурт, кисело млеко или вашиот омилен сок од цедено овошје. Оваа постапка повторувајте ја точно еден месец, а потоа направете пауза од 6 месеци.

Фотографијата е од ТУКА.