Гевречиња од карфиол (ВИДЕО)

Еве нешто со одличен вкус, што изгледа како геврече, но со помалку јаглехидрати и калории. И секако, многу поздраво

0
258

Состојки:

6 чаши цветчиња од карфиол

1 чаша рендан чедар

1 изматено јајце

2 ½ кафени лажички црн сусам, ким или нешто друго за поросување по ваша желба.

Приготвување:

Загрејте ја рерната и ставете во тепсијата за печење мрсна хартија.

Карфиолот смелете го и исцедете го убаво.

Ставете го во сад и додадете рендан чедар и јајце и убаво измешајте.

Поделете ја смесата на 8 парчиња и ставете ги со лажица во тепсијата за печење, измазнете и направете во средината дупка со помош на чашка. Поросете ги гевречињата со зачини и печете околу 20 до 25 минути.

Cauliflower Everything Bagels

Low-Carb Cauliflower Everything BagelsRECIPE HERE: https://trib.al/BSUnMrj

Posted by EatingWell on Вторник, 08 јануари 2019

Рецептот, фотографијата и видеото се од ТУКА.