Ако сакате да испечете риба или месо без страв дека ќе се залепат за скарата или за тавата во која сакате да ги печете, а притоа не сакате да додавате премногу зејтин, искористете парчиња лимон.
Одберете поголеми лимони па исечете ги на тркалца. Наредете ги на решетката од скарата или на дното од тавата за печење и одозгора ставете ги рибата или месото. Освен што месото нема да се залепи, лимонот ќе му даде и одлична арома. Претходно поросете го и со омилените зачини како што се мајчина душица, оригано, црн пипер…
Наместо лимони можете да користите и главица кромид.
Ако печете риба во тава на дното можете да ставите дрвени стапчиња за раженчиња. Нема да се залепи за дното, а рибата ќе добие мирис на скара.