Генијален трик со кој ќе го оладите виното за само 7 минути (ВИДЕО)

Ако сте заборавиле да го ставите белото вино да се олади во фрижидер, сепак постои начин да го оладите на време за да го послужите на вистинската температура

0
448

Сервирањето на виното има свои правила и култура, а правилата кај сервирањето црно и бело вино, не се исти.

Додека црните вина се чуваат складирани во подрум и неколку часа пред сервирањето се носат во просторот во кој треба да бидат послужени или пак се чуваат на собна температура од 14 – 18 степени, белите вина се чуваат на ладно и се сервираат на температура од 8 – 14 степени.

Проблемот настанува кога ќе се случи непланиран настан, посета, вечера или едноставно ќе заборавите да го ставите белото вино да се олади во фрижидер.
Добра вест е што постои трик со кој виното можете да го оладите за само 7 минути, а се што ви треба е крпа и замрзнувач. Значи, натопете ја крпата, завиткајте ја околу шишето и ставете го во замрзнувач на 7 минути. Ова важи за шише од 750 мл, додека за она од 1 литар ќе ви требаат 10- 15 минути.