Знаеме дека гаспачото е одлична варијанта за лесен летен ручек, но можете да го послужите и на поинтересен начин, во форма на сладолед. Рецептот потекнува од Шпанија и во оригинал содржи лук и кромид. Доматите мора да колку што е можно позрели затоа што на тој налин гаспачото ќе биде поароматично.
Состојки:
4 зрели домати
Пола голем или две мали краставици
1 пиперка
1 виолетов кромид
4 лажици маслиново масло
Сок од 1 лимон
(по желба: рендана кора од лимон)
2 лажички сол
Црн пипер
1-2 чаши вода
По желба: чили пиперчиња
Приготвување:
1. Преполовете ги доматите и посолете ги, па изматете ги со блендер.
2. Додадете ги излупените краставици, исечената пиперка без семе и останатите состојки и добро измешајте во блендер. Ако тешко се мелат, слободно додадете веднаш вода.
3. Ставете ја смесата во садови за сладолед на стапче и замрзнете ги.