Галета со јагоди

Ете, дојдоа јагодите, но ако не побрзате и брзо ќе поминат. Замрзнете си малку, а со останатите правете секој ден по нешто, се додека ги има

0
273

Состојки:

За тестото:

250 г брашно

150 г путер

75 г шеќер во прав

1 лажица кисела павлака

За филот:

350 г рикота свежа несолена урда

3 лажици сок од лимон

4 лажици шеќер во прав

1 ванилин шеќер

500 г јагоди

Една рака ливчиња свежа мента

Шеќер во право (за јагодите)

Приготвување:

Помешајте ги состојките за тесто. Обликувајте го во топче, завиткајте го во проѕирна фолија и ставете го во фрижидер барем на половина час.

Исечкајте ги јагодите и поросете ги со шеќер. Исечкајте ги ливчињата мента и додадете ги во јагодите. Оставете ги во фрижидер за да пуштат сок.

На урдата додадете ѝ сок од лимон, 4 лажици шеќер во прав и ванилин шеќер.

Тестото расукајте го во круг со дебелина од пола сантиметар помеѓу два слоја проѕирна фолија. Префрлете го на хартија за печење и распоредете одозгора урда такашто два сантиметри од работ да биде празно (тоа подоцна ќе го преклопите).

Исцедете ги јагодите од сокот, па распоредете ги врз урдата. Преклопете ги рабовите од тестото.

Печете 25 минути на 180°C, па уште 10 на 220°C. Пет минути пред крајот можете да ги полиете јагодите со две лажици од преостанатиот сок. Украсете со ливчиња мента.