Еве уште една варијација на тема фритата. Брзо и едноставно, готово додека да трепнеш, богато со протеини и влакна, а згора на се, и вкусно.
Состојки:
2 компири
500 г брокула
1 црвен кромид
6 јајца
1 дцл млеко
2 домати
6 лажици рендана гауда
50 мл маслиново масло
оригано, мајчина душица
Приготвување:
Излупете ги компирите и варете ги 10 минути, додадете ја брокулата и варете уште 5 минути. Исцедете ги.
Загрејте масло и пропржете го кромидот, а потоа додадете ги компирите и брокулата, зачинете, додадете ги изматените јајца и млекото и префрлете ја смесата во тава кадешто ќе ја пропржите околу 5 минути. Потоа наросете со рендан кашкавал и наредете ги доматите исечени на тркалца и печете 5-10 минути на 180 степени.