Француски багет со лук

0
602

Багетот е еден од симболите на Париз и воопшто, на Франција, токму како Ајфеловата кујна, виното, беретките и сирењата. Францускиот леб се јаде ширум светот, но испробајте го токму овој, со лук и со магдонос.

Состојки:

2 багети

4 големи чешниња лук

2 лажици исечкан магдонос

2 лажици исечкан босилек

1 шолја рендан тврд кашкавал

1 лажичка сол

7 лажици путер

6 лажици маслиново масло

Приготвување:

  1. Растопете го путерот, па додадете маслиново масло, исечкан лук и сол. Мешајте додека не добиете компактна смеса, а потоа додадете го сечканиот магдонос и измешајте.
  2. Исечете го багетот на пола за да добиете два еднакви дела. Секоја од половините засечете ја на секои 2-3 сантиметри како да сечете дебели кришки, но не до крајот.
  3. Ставете ја смесата во прорезите и распоредете од путерот врз багетот.
  4. Секој од багетите завиткајте го во фолија и ставете да се пече во загреана рерна на 180° C. Печете околу 10-12 минути.
  5. Откако ќе ги извадите од рерна, одвиткајте ја фолијата и поросете ги со кашкавалот, па вратете ги во рерна уште на 5 минути.