Деновите на француската кујна (од 21. до 26.март) се дел од глобалниот настан „Вкусот на Франција“ (Gout de France) во кој учествуваат преку 2000 ресторани од 150 земји, а Дистрикт бар и ресторан е единствениот ресторан во Македонија кој го поддржува ова големо случување.
Состојки:
10 дг стопен путер
4 главици црвен кромид
2 чешниња лук
1 ловоров лист
1 лажичка мајчина душица
сол и бибер по вкус
1 шолја црно вино
1,5 – 2 л вода со коцка за говедска супа
3 лажици брашно
1 багет
20 дг рендан кашкавал
Приготвување:
- Растопете го путерот на слаб оган
- Додадете го исечканиот кромид, ловорот, мајчина душица, сол и бибер и динстајте околу 20 минути.
- Додадете го виното и намалете го огнот и варете додека виното не испари.
- Извадете го ловорот. Ставете брашно во кромидот и додадете ја супата па варете уште 10 минути.
- Пред да послужите префрлете ја супата во керамички сад, прекријте со кашкавалот и лебот и ставете да се запече во рерна.220