Состојки:
600 г бело брашно
100 г грахам брашно
5 лажици маслиново масло
1 квасец
1 лажичка шеќер
1 лажичка сол
400 мл вода
3-4 чешниња лук
100 мл маслиново масло
гранче свеж рузмарин
200 г маслинки
Приготвување:
- Квасецот го растопуваме со шеќер во млака вода, а кога ќе нарасне го мешаме со другите состојки и замесуваме тесто. Оставаме да нарасне.
- На набрашнета површина го истураме тестото од садот и го формираме изгледот на фокачата па ја ставаме во намрсена тава за печење и со прстите правиме вдлабнатини.
- На оган го ставаме маслиновото масло, а лукот ситно го сечкаме. Откако ќе се загрее маслото, го ставаме лукот само кратко колку да пушти мирис.
- Ја премачкуваме цела фокача. Наросуваме рузмарин и ги редиме маслинките.
- Ја оставаме да стаса околу 10-15 минути па ја ставаме да се пече во загреана рерна на 220 степени.