Состојки:
За кората:
2 шолји брашно
¾ лажичка сол
150 г путер
¾ шолја згмечен варен компир
5 лажици вода
За филот:
2 шолји пропржени мелено месо
4 лажици путер
2 главици црвен кромид (ситно исечкан)
½ шолја кисела павлака
Сол, црн пипер
1 јајце
Приготвување:
Во голем сад измешајте брашно и сол и додадете го путерот исечкан на коцки. Соединете го тестото за да добиете ситни трошки. Додадете го згмечениот компир и една по една лажица вода па замесете тесто. Обликувајте топка и завиткајте ја во фолија и оставете ја во фрижидер на два часа.
Вклучете ја рерната на 200 C, а две поголеми тепсии подмачкајте и прекријте ги со мрсна хартија.
Испржете го месото и исцедете го вишокот на маснотии. Во посебна тава, растопете го путерот, додадете црвен кромид и динстајте додека не омекне. Помешајте го со месото, додадете ја павлаката и зачинете.
Извадете го тестото и поделете го на 4 еднакви делови. Секое од нив расукајте го во круг и ставете во подготвените тепсии. На секој круг ставете ¼ од филот па свиткајте ги краевите навнатре. Секоја пита премачкајте ја со изматено јајце и печете околу 25-30 минути. Послужете топло со сос од рен или со сенф.