Филети од лосос со аспарагус и сос од маслинки

0
1133

 

Состојки:
(за 2 лица)
2 x 200 г филе од лосос со кожа
12 аспарагуса без тврди делови

За течноста во која ќе се пошира рибата:
500 мл вода
250 мл бело вино
1 голема главица кромид, сечена на кругови
2 моркова
1 мала главица морач, грубо сечкан
3 ловорови листа
1/2 лажичка бел пипер
сол

За сосот:
150 г каламата маслинки без семки, грубо сечкани
3 чешниња лук, згмечени
4 филети инчуни, ситно сечкани
2 лажици кисели краставички, сечкани
100 мл маслиново масло
100 мл кисела павлака
1 лажица магдонос, сечкан
1 лажица копар, сечкан
1/2 лажица нане, сечкано
сок и рендана кора од 1 лимон

Приготвување:
1. Ставете ги сите состојки за поширање во сад кој е доволно голем за течноста да ги покрие филетите.

2. Варете околу 10-15 минути на ниска температура за вкусовите да навлезат во течноста. Ставете ги филетите да бидат целосно покриени со течноста. Варете 8 до 10 минути.

3. По 3 минути, додадете го аспарагусот и оставете да се вари уште 5 минути или додека аспарагус не омекне малку, а лососот се свари.

4. За сосот: Загрејте маслиново масло во тава и додадете ги сечканите маслинки. Пржете неколку минути додека маслинките замирисаат, а потоа додадете го лукот, сечканите инчуни и краставички. Пржете уште минута-две. Откако вкусовите ќе се помешаат, додадете павлака и тргнете ја тавата од огнот.

5. Промешајте убаво. Додадете ги сечканите билки и сокот од лимон.

Извор: Реза Махамад