Желбата за поздрав начин на живот сѐ повеќе се шири, но 4 од 5 жители на Северна Европа не се запознаени со есенцијалните хранливи материи како ни со тоа преку која храна можат да ги добијат, утврдено е со новото истражување.
Истражувањето е спроведено на повеќе од 7 илјади испитаници од Данска, Шведска, Германија, Финска и Велика Британија и откриено е дека 40 отсто од нив веруваат дека им недостасуваат есенцијални хранливи материи. Понатаму, дури 60 отсто од испитаниците не знаеле дека млечните производи се природен извор на витамини и минерали како калциум, протеини и витамини од групата Б. Во Шведска во тој случај станува збор за три четвртини испитаници, додека другите податоци се разликуваат од држава до држава.
Утврдено е дека овие наоди укажуваат на значителен недостаток на знаење во поглед на исхраната и дека е потребна едукација која ќе им помогне на потрошувачите да сфатат кои хранливи материи се наоѓаат во храната.
Имено, 34 отсто испитаници имаат недостаток од одделни хранливи материи заради изставање на одредени намирници од исхраната, додека 45 отсто од испитаниците ги исфрлиле тие намирници верувајќи дека така ќе станат поздрави.
Научниците настојуваат да ја зголемат свеста за здравствените благодети на одделни намирници, особено на млечните производи, со цел потрошувачите да не ги изостават вредните хранливи материи од својата исхрана.
Фото: Pixabey