Научниците ги испитале нивоата на витамин Ц во малините, ананасот, морковите, грашокот и пченката шеќерец и утврдиле дека разликата помеѓу свежата и смрзнатата состојба се мали. Во некои случаи дури замрзнатата варијанта содржела повисоко ниво од овој витамин. Тоа повисоко ниво витамин Ц било посебно изразено кај смрзнатите малини и грашокот, додека свежите малини имале најниско ниво.
Речиси и нема разлика помеѓу смрзнатиот и свежиот ананас што се однесува до нивото на витамините, но двете варијанти содржеле повеќе витамини од конзервираниот. Ист е случајот и со морковите.
Научниците веруваат дека причината за тоа е што свежите производи се префрлаат од голема оддалеченост и се оставаат во магацините и во продавниците долг временски период.
Во некои случаи, свежите јаболка и компирите можеле да се наберат дури и една година порано, а потоа да се држат во фрижидери со ниско ниво на кислород за ефикасно да се запре процесот на созревање и расипување.
Фото: Pixabay