Тукушто сте го изеле совршениот оброк и повеќе не можете да земете ниту едно единствено залче. Сѐ додека колачите не стасаат на трпезата и ненадејно не се „создаде место“ за едно парче. Можеби и за две…Како е тоа можно?
Па,научниците велат дека овој феномен е последица на појавата која е позната како „специфично сензорно задоволување“. Преведено на обичен јазик, јадевте и имате впечаток дека сте сосема сити, но всушност не сте, само на вашето сетило за вкус му станало „здодевно“.
Специфично сензорно задоволување се однесува на идејата дека што повеќе од еден тип на храна јадете во еден оброк, толку ви е помалку привлечна таа конкретна намирница. Затоа побрзо имате впечаток дека сте сити, но често не станува збор за тоа дека навистина не можете повеќе да изедете, туку вашиот мозок повеќе не го „возбудуваат“ вкусовите на јадењето кое е пред вас.
Кога ќе стасаат колачите, наеднаш се „соочувате“ со нов, поинаков вкус, и подготвени сте да јадете повторно.
Студијата објавена во стручното списание Obesity („Дебелина“) 2003, наведува дека овој синдром на специфично сензорно задовоување не се однесува само на десертите. Може да ви здодее било кој вкус, текстура или боја на храна.
Најчест пример кај повеќето луѓе е солената храна. Јадете солено додека не почувствувате дека сте сити, а потоа нешто слатко ви делува многу, многу примамливо.
Но, и овој принцип рабти и во контра насока. На пример…ќе изедете толку сладолед што ви доаѓа да „заблажите“ со кора леб или нешто слично.
Може да ни здодее некоја храна дури и ако нема разлика во вкусот, на пример, исти бонбони ни делуваат примамливо ако се со одредена боја, или особено сакаме тестенини со одреден облик, иако вкусот всушност не се разликува.
Што значи ова за сите оние кои водат сметка за „обемот на половината“?
Па излегува дека постои начин да „го прелажете системот“.
Студијата од 2009. година, објавена во стручното списание Nutrition, покажала дека можеме да го забрзаме ова специфично сензорно задоволување, што значи дека можеме да се наведеме себеси да имаме впечаток дека сме сити пред да се прејадеме, и тоа такашто ќе јадеме во „мали дози“.
Во текот на експериментот, на испитаниците им е понудено да пијат колку што сакаат газирани пијалоци. Излегло дека тие кои пијат во помали голтки секогаш престануваат да пијат пред оние кои пијат во големи голтки.
Со други зборови, сосема мала количина слатки во кои уживате се доволни да ја задоволат вашата потреба за благо или за зашеќерени напитоци. Следниот пат кога колачите ќе дојдат на ред, не одбивајте, само земајте мали залчиња. Нема да се прејадете слатки, па нема да се здебелиме, но нема ниту да го имате она грозно чувство дека се мачите самите себе скусувајќи си себеси сѐ во што уживате.
Фото: Pixabay