Еве зошто е добро да се јадат кикирики

Кикириките се вистинска енергетска бомба преполна со калории, но нутриционистите и натаму препорачуваат повртемено да ги консумирате.

0
690

Кикириките се богати со витамини и минерали кои се добри за различни здравствени проблеми

1. Го снижуваат холестеролот
На кикириките во лушпа не им се додаваат индустриски дополнителни маснотии и сол па станува збор за здрава намирница со бројни нутритивни свпојства. Кикириките се богати со здрави маснотии кои го снижуваат штетниот холестерол и така ги штитат срцето и крвта.
2. Го доведуваат шеќерот во рамнотежа
Една студија покажала дека внесувањето на кикирики или путер од кикирики во организмот може да го доведе во рамнотежа нивото на шеќер во крвта и така да го спречи развојот на дијабетес тип 2.
3. Го сузбиваат гладот
Кикириките се една од најздравите грицки. Имаат богат вкус и многу се хранливи, а со тоа се и добар сојузник при слабеењето. Ако почувствувате глад помеѓу оброците заборавете на чоколадо и на чипс и земете кикирики.
4. Го поттикнуваат помнењето
Тие се одлична храна за мозокот затоа што содржат витамин Б3 кој ја поттикнува работата на целиот организам и помнењето.
5. Богати се со цинк и железо
Богати се со важни минерали како цинк и железо што придонесува за здравје на целиот организам.