Еве што треба да знаете пред да купите маслиново масло

Дали ja добивате вистинскaта работа, или некоја фалсификувана мешавина?

0
2411

Вистинското екстра девствено маслиново масло (EVOO) е вкусно, полно со антиоксиданти, и помага да се намали ризикот од срцеви заболувања, рак, остеопороза и уште повеќе од ова. Но, како да знаете дека ја добивате вистинската работа, а не некоја фалсификувана мешавина?

Водич за купување

Не го купувајте маслото (EVOO) ако не е во темно стаклено шише (светлото ги разложува антиоксидантите).

Проверете ја етикетата за датумот на бербата – колку е поблиску до сегашниот датум, толку подобро – или датумот на употреба кој треба да е најмалку една година од датумот на купување.

Забележете дали се наведени земјата на потекло, регионот и имотот – овие се гаранција за добро масло. („Производ на…“ на етикетата, едноставно значи дека маслото е пакувано во шишиња во таа земја, што не мора да значи дека маслинките се одгледуваат и се преработуваат  таму.)

Упатство за чување

Чувајте го маслото на ладно место подалеку од топлина и директна светлина.

Откако ќе се отвори, маслото треба да се искористи во рок од неколку месеци.