Independent го објави ова видео на нивната Фејсбук страница. Во него се гледа како една девојка подготвува пица со помош на канцелариска опрема. Станува збор за госпоѓа Џиах, 22-годишна жена која живее во Ченгду, Кина.
Но, овој канцелариски херој не е толку анонимен. Имено, според порталот BuzzFeed, девојката ги поставува своите видеа од приготвување на најразлични сложени оброци што ги прави со канцелариски материјали на Јутјуб.
Ова видео со пицата е едно од нејзините најгледани досега.
This woman cooks her own pizza in the office
This woman cooks her own pizza in the office ?
Posted by The Independent on вторник, 8 Мај 2018
Некои од нејзините најпопуларни видеа вклучуваат правење кинески палачинки на кутија од компјутер, пукање пуканки во конзерва од пепси и многу други.
Таа ги снима сите нејзини видеа во нејзината вистинска канцеларија за време на работното време, а сите нејзини колеги, како и целата компанија, па дури и шефот, ги поддржуваат нејзините креативни напори.