Еве како лесно да си направите никулци полни со здравје (ВИДЕО)

За производство на никулци најчесто се користат пченицата, леќата, сојата, грашокот, просото, овесот, сончоглед, па дури и бадеми…

0
1275
Постои ли едноставен начин за одржување на добро здравје, волшебна формула за виталност и еликсир на младост? Стручњаците велат дека постои и тоа на дофат на рака – тоа се зелените никулци.
Со редовна употреба на никулци кои содржат изобилство од минерали и витамини, го креваме нивото на енергија, ја подобруваме општата здравствена состојба, квалитетот на кожата, косата и ноктите, а притоа се чувствуваме и изгледаме помлади. Никулците се нискокалорична намирница која го олеснува варењето и ги елиминира токсините од организмот, а покрај тоа благотворно дејствува на здравјето на срцето и крвните садови.
Никулците се богати со хранливи состојки и одамна се користат како помош во лекувањето на многу болести. Постојат записи кои покажуваат дека во древна Кина уште пред пет века лекарите го сфатилее квалитетот на овие намирници и ги препишувале за лекување на разни здравствени пореметувања.
Предностите од р’тење на семињата се опишани уште во Библијата, но сепак било потребно време за луѓето да го увидат тоа. Станува збор за вистинска ризница на здравје затоа што е познато дека никулците содржат до сто пати повеќе ензими од неварено овошје и зеленчук. Една од најголемите предности на никулците е тоа што многу лесно се приготвуваат – потребни ви се само семиња од житарки или зеленчук (пченица, сончоглед, леќа), тегла и вода. Со минимум труд и трпение, својата исхрана можете да ја направите многу поздрава.

How To Sprout Anything

Sprout anything with these handy tips ???

Tasty Vegetarian 发布于 2018年12月18日周二

Фото: Pixabey