Комбинацијата од интегрално пирово (спелта) и хељдино брашно на оваа пита ѝ дава специфичен вкус, но доколку немате, можете да пробате и со обично интегрално брашно.
Состојки:
За тестото:
150 г путер
100 г шеќер во прав
2 жолчки
350 г брашно (пола од хељда, пола од спелта)
Малку сол
За филот:
300 г тиква
450 г јаболки
50 г суво грозје
Зачини: цимет, ѓумбир во прав, мускатно оревче (по пола лажичка)
Приготвување:
Помешајте ги брашното, шеќерот во прав и малку сол па додадете ги жолчките и путерот исечен на коцки. Мешајте а доколку не мое да се поврзат состојките додадете малку белка или 1-2 лажици ладна вода. Поделете го тестото (2/3 ќе користите за дното и за страните од калапот, а 1/3 за да ја украсите површината (можете да направите цветчиња или пак вообичаените ленти). Ставете ги двата дела о проѕирна фолија и оставете го на половина час во фрижидер. Грозјето потопете го во вода, јаболката и тиквата излупете ги и изрендајте ги. Помешајте ги па додадете ги зачините.
Тестото расукајте го и ставете го во калапот намрсен со путер и избоцкајте го за да не се направат меури при печењето. Ставете го во загреана рерна на 180 степени околу 10 минути.
Извадете го од рерна, ставете го филот и вратете го во рерна а о меѓувреме од другото тесто направете цветчиња. Наредете ги цветчињата врз површината и оставете да се пече до крај.
Вкупно би требало да се пече околу 1 час, во зависност од рерната и од сочноста на филот, такашто ќе треба да го проверите тестото после 45 минути.