Енергетска, ама и калорична бомба

Браунис колач може да се прави во повеќе варијанти, но оваа е дефинитивно „најбраунис“

0
268

Состојки:

5 јајца

100 г кафеав шеќер

200 г црно чоколадо

100 г какао

3-4 урми

150 г интегрално брашно

200 г путер

1 прашок за пециво

1 ванилин шеќер

цимет, морско оревче

100 мл црно вино

По желба можете да ставите и 200 г смрзнати вишни или некое суво овошје

Приготвување:

Стопете ги чоколадото, шеќерот и путерот во едно тенџерче, па оставете ги настрана да се подизладат.

Изматете ги јајцата па додадете ја изладената смеса, а потоа и брашното, прашокот за пециво, ванилиниот шеќер, сечкани урми, зачините, виното и суво овошје или вишни по желба.

Ставете ја смесата во подмачкана тепсија и печете на 180 степени најмногу 30 минути.