Емпанадите се еден вид на погачици кои се карактеристични за подрачјето на Латинска Америка, а можат да се полнат со разни филови, и солени и слатки.
Состојки:
За тестото:
2 шолји брашно
1/3 шолја рендан тврд кашкавал
½ лажичка сол
½ лажичка прашок за пециво
¼ шолја путер
¾ шолја топло млеко
1 јајце
За филот:
1 лажица масло
½ шолја исечкан црвен кромид
1 чешне лук
2 лажички ситно сечкано луто пиперче
120 г мелено јунешко
¼ шолја сечкани домати
Коријандер, кумин, сол, црн пипер
½ лажичка пченкарен скроб
½ шолја рендан кашкавал по желба
Приготвување:
Во сад со средна големина замешајте ги брашното, кашкавалот, солта и прашокот за пециво. Додадете путер па со прсти помешајте го сувите состојки, а потоа додадете го млекото, замесете тесто и оставете го да одмори додека го подготвувате филот.
Во загреана тава, на малку масло динстајте црвен кромид, околу три минути, додадете го лукот и пиперчето и накусо издинстајте. Потоа додадете месо и динстајте додека не добие убава боја од сите страни. Додадете ги и доматите, зачините и скробното брашно. Варете уште минута и тргнете од оган.
Оставете го филот да се подизлади па помешајте го и ренданиот кашкавал.
Вклучете ја рерната на 180 C, a две тепсии за печење намрсете.
Тестото поделете го на 4 еднакви делови па секој дел еден по еден тенко расукајте ги и направете кругови од тесто со пречник од 7,5 цм.
На секој круг ставете по лажица фил, па тестото преклопете го во вид на полумесеци. Притиснете ги краевите со вилушка за да не истече филот. Добиените погачици наредете ги на тепсија и премачкајте ги со изматено јајце. Печете 18-20 минути и послужете ги со некој сос. На пример, направете сос од свеж зеленчук (домати, пиперки, црвен кромид, лук, луто пиперче) и зачини (кориандер или магдонос). Ставете сѐ во блендер и смелете на малку покрупни парчиња, додадете сол, црн пипер и малку сок од лимон.