Диета, детоксикација и забрзување на метаболизимот – 3 во 1, би можело да биде името на дводневниот режим на исхрана со кој после само 48 часа ќе почувствувате позитивни физички промени.
Главните состојки на оваа детоксикација се 2 моќни напитоци кои ќе ви помогнат да го прочистите организмот од насобраните токсини и маснотии.
Исто така, во текот на тие два дена пијте многу зелен чај без додаден шеќер и вештачки засладувачи. „Срцето“ на оваа диета се 2 напитоци, напиток за слабеење (се пие навечер) и напиток за забрзување на метаболизмот (се пие наутро).
Еве како да ги приготвите:
Напиток за слабеење:
1 лажица лути пиперки
1 лажица ѓумбир
2 лажици сок од лимон
1 лажица јаворов сируп
300 мл вода
Ставете ги сите состојки во блендер и добро измешајте. Овој напиток е најдобро да се пие навечер пред спиење.
Напиток за забрзување на метаболизмот:
4 чешниња лук
6 лажици сок од лимон
2 домати
6 коцки мраз
500 мл вода
Како и кај напитокот за слабеење, ставете ги сите состојки во блендер и мешајте. Овој напиток е најдобро да се пие наутро, пред појадокот.
Фото: Pixabay