Мешунките секако мора да се најдат не летното мени, но не во облик на варива кои го греат организмот, туку како ладни салати.
Варената боранија само зачинете ја со сок од лимон и свеж босилек и ќе ги добиете сите важни нутриенти потребни за борба против жештините.
Испробајте ја и оваа салата боранија со лук и босилек.
Состојки:
400 г млада боранија
4 чешниња лук
1 чили пиперче
2 лажици соја сос
Свежо мелен црн пипер
Маслиново масло
пармезан
Свеж босилек по желба
Приготвување:
Исечкајте го лукот на тенки ливчиња, исчистете го пиперчето од семките и исечете го на ситни коцкички. Боранијата исчистете ја и измијте ја.
Во вок тава на малку маслиново масло, пропржете ги кратко пиперчето и лукчето, додадете ја боранијата и динстајте 5 минути.
Зачинете со соја сос, црн пипер и динстајте уште 5-10 минути. Боранијата треба да биде мека, но и крцкава.
По желба поросете со свеж босилек и со пармезан.