Едноставен начин за забрзување на метаболизмот и чистење од токсини

Овие состојки го забрзуваат метаболизот и го чистат телото од токсините и од вишокот маснотии кои се наталожиле во телото

0
1014

Ако мислите дека е вистински момент да почнете со диета или едноставно сакате да се прочистите и да си го забрзате метаболизмот, еве едноставен рецепт за напиток кој ќе ви помогне во тоа.

Важно е само да го направите според упатството и да го пиете редовно. Има одлични резултати ако се консумира континутирано 30 дена.

Состојки:

Шолја сок од домати

¼ шолја сок од лимони

1 лажичка рендан ѓумбир

1 луто пиперче (или пола лажичка црн пипер)

Две стебленца целер (средна величина)

Приготвување:

Помешајте ги сокот од домати, сокот од лимон, ѓумбирот и мееното луто пиперче или црниот пипер. Ќе добиете 220 мл напиток.

Послужете го во стаклени чаши и додадете ги во напитокот стебленцата целер.

Секој ден помеѓу оброците подгответе вкупно 3 чаши од овој напиток, а ако сакате да подготвите наеднаш  поголема количина, чувајте го напитокот во фрижидер.