Иако ни се обично достапни целата година, сега се уште можете да најдете најубави тиквички одгледани во нечија градина. Одлични се за вашиот крвоток и за системот за варење, а се многу едноставни за подготвување и лесно се комбинираат со други намирници.
Од тиквички можете да направите генијален појадок, како што е овој леб со тиквички. Се прави за 10 минути.
Состојки:
1 чаша интегрално брашно (чаша од 2 дцл)
2 чаши бело брашно
2 лажички сол
2 лажички шеќер
1 сув квасец
3 јајца
½ чаша маслиново масло
Две чаши рендани тиквички
Приготвување:
- Помешајте ги сувите состојки
- Посебно изматете ги јајцата и маслиново масло па додадете ги сувите состојки.
- Тестото префрлете го на работната маса и малку премесете го. Доста е лепливо, но не му додавајте премногу брашно туку само префрлете го калапот обложен со хартија за печење и ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени околу 1 час.