Калапите за мафини се вистинско чудо. Што и да печеме во нив никогаш не можеме да ги искористиме максимално. Обично правиме во нив слатки мафини, но и мали проички.
Овие нашиве се по стариот добар рецепт, но со нови додатоци. Во едните додадовме сечкана жива туршија (краставички, карфиол, морковчиња), а во другите – младо лукче и магдонос.
Но во мафин-калапите можат да се направат и многу други нешта. Според некои записи, првите калапи за мафини ги направил Хари Пан уште во далечната 1770. година. Веруваме дека и самиот би се шокирал кога би видел за што сѐ денеска се користат овие калапи.
На пример, во калапите за мафини можете да испечете јајца.
Во секоја „мафин-дупка“ ставете по едно јајце и во рерна загреана на 200 степени печете ги 10-15 минути. Можете да направите и кајгана такашто ќе ги измешате јајцата со своите омилени комбинации – со спанаќ, пиперки, печурки, младо кромитче, шунка, сланина…Ја ставата смесата во местата за мафини, до пола, и ставате да се пече во рерна 15 минути.
Ќофтенца
Вашите ќофтенца можете да ги направите многу поедноставно. Само измешајте ја вашата смеса за ќофтиња и распоредете ја во калапите. Печете на 200 степени околу 30 минути. Украсете ги со пире од компири.
Фото: foodnetwork.com
Гнезда од шпагети
Сервирајте ги вашите шпагети со сирење на нов начин. Направете ги како и инаку (само внимавајте да останат цели) и со вилушка завиткајте ги во гнезда, ставете ги во калапите и печете околу 10 минути.
Наопаку
Свртете ја мафин-тавата наопаку и нанесете на калапите смеса за кекси. Печете на 180 степени 10-15 минути и користете ги како јадливи корпички во кој ќе сервирате сладолед или овошје.
Фото: wilton.com
Сосови и салати
За помалку неред при правењето скара, послужете ги сосовите и салатите во калапите за мафини.
Фото: redbookmag.com
Замрзнати деликатеси
Во мафин-тепсија можете да замрзнете и сладолед или чоколадо со овошје, кремови.