Податокот дека адитивите минуваат детални токсиколошки анализи укажува на тоа дека нивната примена не претставува голема опасност за здравјето. Освен тоа, секој организам не ги поднесува адитивите исто, односно, нивната штетност зависи и од здравствената состојба и од животната возраст на консументот.
Битно е да се обрне внимание и на дозволениот дневен внес кај потрошувачите со посебни прехранбени потреби (трудниците, децата, дијабетичарите, вегетаријанците,…).
Досегашните испитувања обвиниле одделни адитиви (синтетичките бои, конзервансите, антиоксидансите…) за појавата на канцерогени болести, алергиски реакции, главоболки, мачнини, замор, вртогавица, хиперактивност.
На пример:
Тетразинот (Tetrazin – E102, жолтата боја) и карминот (E120, црвена боја) се одговорни за појава на осип на кожата, уртикарија и крварење од носот.
За канцероген ефект се обвинува вештачката црвена боја амарант (E123), и нејзината употреба се ограничува за боење на одредени пијалоци и на рибја икра.
Сулфитите (sulfiti – E220 до E228), адитиви кои се користат за конзервирање на виното, пивото и овошните производи, можат да ја влошат состојбата на астматичарите, а одговорни се и за губиток на витаминот Б1 од организмот.
Прекумерната употреба на вештачкиот засладувач аспартам (E951) може да предизвика тегоби кај лицата со болести на уринарниот тракт (fenilketonurija), заради што таквите личности би требало да избегнуваат безакохолни напитоци, „sugarfree“ мастики за џвакање, вештачки засладувачи, производи за дијабетичари.
Таурин (Taurin), аминокиселина која служи за ароматизирање на енергетските напитоци, се додава во количини и до 4 грама на литар, што е поголема количина од онаа која генерално ја содржи организмот (само 2-3 mcg), и доведува до пореметување на срцевиот ритам и неконтролирана хипертензија.
Адитивот мононатриумов глутаминат (mononatrijev glutaminat или скратено MSG, E621) се користи за подобрување на вкусот на готовите јадења, сосови и супи, а често се поврзува со појавата на главоболки, мачнини, покачен крвен притисок, јадеж и други алергиски реакции.
Бензенска киселина (E210), која се користи во производството на џемови, маргарини и освежителни безалкохолни пијалоци може да предизвика осип на кожата, гастроинтестинални пореметувања и хиперактивност кај децата.
Нитрати и нитрити (E249 до E252) се конзерванси кои го спречуваат растот на бактеријата Clostridium botulinum (чии токсини го парализираат нервниот систем), а притоа и ја чуваат свежината и бојата на производите од месо. Меѓутоа, освен оваа позитивна страна, нитритите и нитратите претставуваат опасност за здравјето заради можноста од нивното преобразување во токсични и канцерогени соединенија (нитрозамин, метемоглобин).
Калиев броматот е идеален за кревање на тестото, може да предизвикаат пореметување на работата на нервниот систем и бубрезите, како и на гастроинтестиналните пробеми. Избегнувајте вештачки, готови кори за пица.