Домати и сирење, кекси и млеко…

Повеќето од нас ги јадеме истовремено, но не би требало. Комбинацијата на одредени намирници ги нарушуваат метаболичките процеси.

0
629

Сите знаеме дека некои производи не треба да се комбинираат. Но некои од нив се толку вкоренети во нашите прехранбени навики, што едноставно не можеме да замислиме дека не се здрави. Нутриционистите советуваат дека не е добро да се комбинираат затоа што ги нарушуваат метаболичките процеси.

Помеѓу нив се и следниве:

Домати и сирење

Оваа комбинација е многу вкусна, но ги преоптоварува панкреасот и црниот дроб. Киселините од доматите реагираат со калциумот кој се наоѓа во белото сирење создавајќи специфични наслаги во нашите зглобови. Секако, не е неопходно во целост да се исклучат од менито, но не би требало премногу често да ги консумирате заедно.

Помфрит и јајца

При пржењето на компирите се формира голема количина на скроб и канцерогени супстанции, па можете дополнително да ја влошите ситуацијата со протеините од јајцата.

Колачиња и млеко

Ако јадете слатки пецива (колаченца, кекси) со млеко или со какао, ризикувате појава на киселини и непријатна ферментација во стомакот. Генерално, нутриционистите веруваат дека млекото треба да се консумира одвоено од останатите производи.

Фото: Pixabey