Се разбира, има да се купат добри переци на повеќе места во градов, на пример, кај Вели во Карпош 3 кој патем, има и одлична симит погача, но зошто да не испробате каков е вкусот на домашните. Верувајте, не е воопшто тешко. Пуштете си го видеото, следете ги инструкциите и нема да згрешите.
Состојки:
(за 8 переци)
1 ½ чаша топла вода (360 мл)
1 лажица сол
1 лажица шеќер
1 сув квасец
4 ½ чаши брашно (565 г)
3 лажици масло
⅔ чаша сода бикарбона (120 г)
2 јајца
крупна сол
Приготвување:
Во сад, измешајте вода, сол и шеќер додека не се соединат. Додадете квасец, и оставете да одмори 5 минути додека квасецот не почне да се пени.
Додадете го брашното и 2 лажици масло, и темелно измешајте додека не се формира тесто.
Ставете го преостанатото масло во друг сад и ставете го тестото покриено со проѕирна фолија да одмора 1 час на топло место.
Загрејте ја рерната на 230 ° C.
Исечете го тестото на 8 парчиња и обликувајте переци како во видеото.
Додадете сода во големо тенџере со вода и почекајте да зоврие. Варете ги переците по 30 секунди од секоја страна.
Извадете ги од водата со помош налажица-решетка и наредете ги во тепсија врз хартија за печење, намачкајте ги со изматените јајца и поросете од солта. Печете 10-15 минути.
Фотографијата, видеото и рецептот се преземени од Tasty recipes.