Домашни пастрмајлии

0
1280

Состојки:

1 кг брашно

700 мл вода

10 лажици зејтин

1 лажичка шеќер

3 лажички сол

1 квасец

800 г свинско месо исечкано на коцкички

2-3 јајца

Свинска маст

Приготвување:

  1. Се замесува меко тесто. Се остава да нарасне, а потоа се дели на пет дела. Се формираат топчиња и се оставаат уште десетина минути да нараснат.
  2. Од топчињата се развлекува пита, а по краевите се прави венче.
  3. Врз тестото се редат парчињата свинско месо, ситно исечкано и посолено. Се додава една полна лажица свинска маст и се распоредува низ целата пита. Ако сакате луто, ставете по 1-2 феферони.
  4. Се става да се пече во загреана рерна на 200 степени. Кога малку ќе се запече, се става на секоја пита од разматените јајца и малку буковец. Се враќа во рерната и се пече уште малку.