Диетата со низок процент на јагленохидрати поврзана со појава на срцеви пореметувања

Една нова студија покажува дека намалувањето на внесот на јаглени хидрати може да доведе до атријална фибрилација, најчесто нарушување на срцевиот ритам.

0
244

Луѓето кои ќе одлучат да се посветат на диети со низок внес на јаглени хидрати се покажа дека се изложени на висок ризик за развој на срцево пореметување поврзано со мозочен удар. Една нова студија покажува дека намалувањето на внесот на јаглени хидрати може да доведе до атријална фибрилација, најчесто нарушување на срцевиот ритам.

Атријалната фибрилација (исто така наречена AFib или AF) е нарушување на срцевиот ритам, кое може да доведе до палпитации, вртоглавица, замор, па дури и срцева слабост. Проблемот со срцето, исто така, доведува до пет пати поголеми шанси да имаат мозочен удар, објави EurekAlert во средата.

„Со оглед на потенцијалното влијание врз аритмијата, нашата студија сугерира дека овој популарен метод за контрола на телесната тежина треба да се препорача да се практикува многу внимателно”, вели Ксиодонг Чуанг, кардиолог во болницата поврзана со Универзитетот Сун Јат-Сен во Гуангжу, Кина и водечки автор на студијата.

Најновите откритија произлегуваат од анализа на ефектите од внесот на јаглени хидрати кај речиси 14.000 луѓе во текот на две децении. Истражувачите ја опишаа студијата како прва и најголема за проценка на односот помеѓу внесот на јаглени хидрати и AFib.

Кај учесниците кои пријавиле редовно внесување на низок процент на јаглени хидрати, биле пронајдени 18 проценти поголема веројатност да развијат AFib отколку оние со умерено внесување на јаглени хидрати.

„Ниските јагленохидратни диети беа поврзани со зголемен ризик од појава на AFib, без оглед на видот на протеини или масти кои се користат  како замена за јаглени хидрати”, истакна Чуанг.

Тој вели дека ниската потрошувачка на зеленчук, овошје и зрна во диетите со низок внес на јаглени хидрати потенцијално придонесува за зголемување на ризикот од развој на срцево растројство. Имено, овие прехранбени продукти може да го намалат воспалението, состојба поврзана со AFib.

Исхраната, исто така, доведува до висок внес на протеини и масти кои можат да предизвикаат оксидативен стрес, кој исто така е поврзан со AFib.

Студијата, исто така, ги поддржува претходните истражувања кои ги поврзуваа и диетите со ниски јаглени хидрати и диетите со јаглени хидрати со зголемен ризик од смрт.

Сепак, Чуанг истакна дека се потребни дополнителни истражувања за да се потврди односот помеѓу внесот на јаглени хидрати и AFib. Тој рече дека идните студии треба да се фокусираат на етнички различна популација.

Најновата студија, исто така, не објави никакви промени во исхраната што учесниците можеби ги доживеале по завршувањето на прашалникот за време на првичниот дел од истражувањето.

Чуанг ќе ја претстави студијата на 68-та годишна научна сесија на Американскиот колеџ за кардиологија на 16 март во Њу Орлеанс.

Фото: Pixabey