Десет трикови кои секој љубител на вино треба да ги знае

За да направите вистинска летна посластица, ставете мал разнобоен сладолед на стапче во чашите со бело вино.

0
1723

1. Изладете го виното со грозје
Едноставно измијте го овошјето, оставете го неколку часа во замрзнувач и потоа можете да го употребите наместо коцкички мраз во чашите со вино. За разлика од коцките лед, грозјето нема да се стопи и да ви го разблажи пијалокот, и плус ќе имате и вкусен десерт заедно со чашата вино.
1

2. Засладете го виното
За да направите вистинска летна посластица, ставете мал разнобоен сладолед на стапче во чашите со бело вино. Предупредување: веројатно ќе посакате да испиете и неколку чашки со овој десерт.
2

3. Смрзнете ги остатоците вино од шишето
Во калап за правење лед, истурете вино наместо вода и ќе добиете преубави ледени коцкички вино кои ќе можете да ги ставите во пијалак или да ги искористите за готвење, кога сакате да му дадете дополнителен шмек на јадењето.

3
4. Прецедете ги трошките од тапата
Тапата случајно ви падна во шишето и сега не можете да сипете чаша вино без трошки од тапата? Едноставно поставете филтер за кафе врз чашата и сипете вино преку него. Ниту една трошка нема да остане непроцедена.

4

5. Отворете го шишето со бормашина
Ако сте „направи сам“ тип на човек и ви се наоѓа бормашина по дома, но не и отварач за вино, тогаш овој совет е совршен за вас Можете да ја отстраните тапата со бормашина.

5

6. Розе трик
Овој трик е предобар за топлите летни денови. Смрзнете розе вино во калап за правење коцки лед, оставете го во замрзнувач преку ноќ и следниот ден изблендирајте го розовиот лед, претурете го во чаши и послужете. Вашите пријатели ќе бидат фасцинирани од оваа интересна и естетска досетка, додека ледот бавно се топи во чашите и се претвора во вино.

6

7. Изладете го виното со помош на влажни крпи
Немојте никако да послужите топло шише вино. Едноставно навлажнете хартиени кујнски крпи, замотајте ги околу шишето и ставете го на кратко во замрзнувач. Шишето ќе се излади за минутка.
7

8. Додајте овошен шмек
Ако сакате да додадете малку вкус и естетика на чашата вино, додајте смрзнати рибизли, малини, ананас или цреши во чашите.
8

9. Калапите за печење мафини како послужавник
Имате гости и треба да послужите повеќе чаши вино? Калапите за мафини можат да соберат и до 12 пластични чаши со вино, без да ви се истури една капка од чашите додека ги служите.

9

10. Вратете ја тапата по отворањето со пластична кеса
Не го допивте шишето вино и сакате повторно да го затворите со истата тапа? Едноставно замотајте ја тапата во пластична кеса и така полесно ќе ја вратите на место без да ви се изрони во шишето.
10