Луѓето со милениуми лекувале различни болести и состојби со помош на лековитите својства набилките, со храната или со комбинација на едното и другото, а бидејќи природните лекови во најголем број на случаи немаат никакви несакани споредни ефекти, и денеска многу луѓе ги користат наместо конвенционалните медикаменти.
Освен тоа, билната медицина е всушност и темел на модерната медицина и има многу предности: го поттикнува природното лекување, попристапна е (финансиски) од конвенционалната медицина, има помалку или воопшто нус ефекти, го поттикнува имунитетот и ги стабилизира хормоните и метаболизмот.
Еве кои се најмоќните природни лекови:
Ѓумбир
Ѓумбирот е силен природн лек против болки и воспалителни процеси, а има и антибиотски својства, без оглед на тоа дали го користите во свеж облик, како тинктура, лековито масло.
Лук и кромид
Имаат силно антибактериско дејство, делуваат против габички, а имаат и својства кој штитат од рак. Лукот е еден од најчесто користените прирдни антибиотици ширум светот.
Ехинацеа
Ехинацеата е исто така природен лек, со антибактериски својства. Помагапри настинка, грозница, воспалние на синусите, инфекции на увото, габични инфекции на стапалата (атлетско стапало).
Мајчина душица
Есенцијалното масло на мајчината душица има силно антимикробно и антисептичко својство. Мајчината душица во различниформи (чаеви, сирупи, тинктури и слично) лекува кашлица, бањата со есенцијално масло од мајчина душица ја смирува нервозата и ги ублажува болките во зглобовите. Кога се нанесува на кожата помага во ублажување на егземите, акните и слични проблеми.
Мед
За медот е познато дека уништува повеже од 60 различни видои бактерии.
Каранфилче
Есенцијалното масло одкаранфилчиња исто така делува антибактериски, а често се користи во лекување на проблемите со непцата (гингивитис, воспаление на непцата), го забавува создавањето на плак на забите и генерално го подобрува оралното здравје.
Кокосово масло
Исто така делува антибактериски, но и против габички и вируси, ако се зема орално, спречува продор на патогени организми во систеот на органите за варење.
Масло од диво оригано
Моќен природен лек против вируси, габи ибактерии. Има противвоспалително дејство, а помага кај проблеми со кожата (осип, псоријаза, егзем, акни, себореја), ја смирува забоболката, ја забавува парадентозата, помага за проблеми с варењето.
Жолт корен
Го подобрува здравјето на системот на органи за варење, ги ублажува симптомте на гастритис и цревни инфекции, а е прилично ефикасно и во борбата против хеликобактер пилори. Има антивоспалително, антибактериско и антигабично дејство. Корисен е кај инфекции со ешерихија коли, затоа што спречува лепење на оваа бактерија на ѕидовите на уринарниот тракт.
Јаболков оцет
Има силно антивоспалително дејство и ги ублажува симптмите на различни воспалителни процеси во организмот, од акни, преку гихт до артритис.
Фото: Pixabay